11.8 C
Скопје
7. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Второ пријавување за уписите во средните училишта

Денеска ќе се спроведе второ пријавување во јунскиот рок за запишување ученици во прва година средно образование.

За второто пријавување слободни се вкупно 24 086 места, од кои за гимназиско образование 6 068 и за стручно 17 900 места.

Резултатите од запишувањето и слободните места ќе бидат објавени утре.

Досега во средните училишта се запишаа 11 697 ученици од вкупно 17 590 кои конкурираа.