22.8 C
Скопје
19. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Ердоган нема да ја продолжи вонредната состојба во земјата

Турскиот претседател, Реџеп Тајип Ердоган, и неговиот сојзиник во владата, лидерот на Партијата за национално движење, Девлет Бахчели, се согласија да не ја продолжуваат вонредната состојба во земјата, која завршува во јули.

Вонредната состојба беше воведена по обидот за државен удар во јули 2016 година и оттогаш се продолжува на секои три месеци.

Ердоган, во пресрет на изборите што се одржаа минатата недела, вети дека ќе ја укине вонредната состојба ако победи.