11.8 C
Скопје
18. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото: Centar.Mk/Ј.С.
МАКЕДОНИЈА

Грците на северот со неочекуван потег за името на Македонија

Претставниците на управите и општините во северниот дел на Грција бараат одржување референдум за новото име на Република Македонија.

На состанокот што вчера се одржа во Солун, во организација на Регионалниот совет на т.н. централна Македонија, присуствуваа претставниците на здруженијата и општините од цела Грција, како и претставници на коморите и универзитетите.

Договорот помеѓу Атина и Скопје за новото име е потпишан на 17 јуни на грчкиот дел од Преспанското Езеро тие го оценуваат како многу сериозен дипломатски пораз што предизвикува штетни влијанија на интересите на иднината на земјата и грчкиот народ.

Се истакнува дека грчката влада во минатото не ги признавала македонската националност и македонскиот јазик, сметајќи ги за корен на иредентизмот на нивниот северен сосед.

Локалните власти на грчката покраина велат дека не се согласуваат со потпишување договорот и ги повикуваат владата и политичките партии во земјата да не го ратификуваат договорот во грчкиот парламент. Тие бараат грчката влада за таа иницијатива да ја информира домашната јавност, како и лидерите на странските земји и шефовите на меѓународните организации.

„Бараме од владата да распише референдум за ‘Преспанскиот договор’ со цел граѓаните на законит начин да ја прифатат и одобрат неговата ратификација“, бараат Грците од северот.

Инаку, на седницата присуствуваа 258 претставници на локалните самоуправи од Северна Грција, 15 бискупи и 90 претставници на разни институции, пишува „Б92′.