23.8 C
Скопје
5. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Димовски: Заев трајно ги наруши позициите на Македонија

Заев трајно ги наруши позициите на Македонија и не доби датум за почеток на преговорите со ЕУ, изјави Димитар Димовски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

„Преговорите за членство во ЕУ не почнуваат и не може да почнат се додека фирми донатори на СДСМ добиваат стотици илјади евра преку сомнителни набавки, органите на прогонот се плашат да спроведуваат истраги, судовите го ослободуваат Зоран Заев од очигледна одговорност за корупција, а администрацијата се полни со некомпетентни партиски кадри. Тоа е тажната и разочарувачка вистина која ја гледаат граѓаните на Република Македонија. Тоа се за жал и во голема мера забелешките од ЕУ“, изјави Димовски.

Тој додаде дека Македонија е жртва на неодговорните политики на СДСМ како на домашен, така и на меѓународен план, економијата тоне, уставниот поредок е поткопан, а правната држава е деградирана, што го нотирала и ЕУ, со последната одлука да не даде датум за почеток на преговорите.

„ЕУ ни покажа дека понижувањето кое ни го приреди СДСМ не не води никаде. Потребни се суштински реформи. ЕУ ни стави до знаење дека не може држава која под власта на Зоран Заев и паѓа за 17 места на индексот на корупцијата и е најкорумпирана држава на тлото на Европа, да отпочне со преговори“, смета опозцицијата.

Спонзорирано: