5.8 C
Скопје
27. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МОЗАИК

Путин има две или три ќерки кои се обидува да ги сокрие од светот, ова е сè што се знае за нив

Владимир Путин своето семејство секогаш го држи далеку од очите на јавноста. Малку се знае и за неговата бивша жена Људимила, а со која бил во брак 30 години, а уште помалку се знае за неговата наводна моментална девојка (за која некои нагаѓаат дека му станала и жена), бившата гимнастичарка Алина Кабаева.

Меѓутоа, она што најмногу ја интересира јавноста е колку деца има Путин. Се знае дека во првиот брак со Људимила добил две ќерки Марија и Катерина. Мaрија е родена 1985 година во Ленинград (денешен Санкт Петербург), а Катерина година подоцна во Германија, каде Путин работел за КГБ, пишува Бизнис Инсајдер.

Двете девојки имињата ги добиле по своите баби. Кога, 1996 година се вратиле во Москва, девојките почнале да посетуваат германско училиште, кое го напуштиле кога Путин станал претседател. Оттогаш се школувале дома. Неговата бивша сопруга Људимила во една прилика рекла дека Путин ги размазил своите ќерки и дека таа е таа која треба да биде построг родител.

Марија студирала биологија, а подоцна медицина, а Катерина азиски студии. Студирале во Москва, но под лажни идентитети. Денес 33-годишната Марија живее во Мoсква со сопругот, и се занимава со истражувања во медицината. Наводно има и дете бидејќи Путин во една прилика признал дека е дедо.

Катерина, наводно, живее луксузен живот. Има 31 година и е акробатска танчерка на висока позиција на државниот универзитет во Москва. Наводно е на чело на стартап вреден 1,7 милијарди долари. 2013 година се омажила за милијардерот Кирил Шамалов, но се разделиле оваа година.

Постојат гласини дека Путин има и трета ќерка со убавата гимнастичарка Алина, но тоа не е официјално потврдено.