22.8 C
Скопје
1. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Општина Центар ги отстранува нелегално поставените тераси пред кафулињата

Општина Центар започна со отстранување на нелегално поставените тераси пред кафулињата.

„По бројните жалби на жителите на општината и по донесувањето на решенијата, на засегнатите страни им беше оставен простор од повеќе од 6 месеци самите да постапат и да ги отстранат незаконски поставените објекти. Бидејќи истите тоа не го сторија, општината пристапи кон административно извршување на донесените управни акти“, се вели во соопштението на Општина Центар.

Акцијата на општината за справување со диво поставената урбана опрема, односно терасите пред угостителските објекти, ќе продолжи и во наредниот период, со цел ослободување и нормализирање на сообраќајот на луѓе и на возила на целата територија на општината.

Спонзорирано: