16.8 C
Скопје
3. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Во Германија уапсен поранешен телохранител на Бин Ладен кој примал социјална помош од државата

Осомничен исламистички радикал, кој некогаш бил телохранител на Осама бин Ладен, вчера е уапсен во Германија, објави германската полиција.

Случајот на Тунижанецот Самиј А. предизвика гнев кај јавноста во април откако германските медиуми објавија дека тој добива социјална помош од државата, иако разузнавачки служби го оцениле како потенцијална закана.

Властите во западниот град Бохум побарале од полицијата да го уапси, а тој не се спротивставил, изјави портпаролот на локалната полиција.

Германски „Билд“ објави дека Самиј А. најверојатно ќе биде депортиран.

Полицијата не можела да го потврди ова и новинарите ги упатила да се обратат кај властите во Бохум. Сепак, портпаролот на градот не бил достапен за коментар.

Тунижанецот живеел во Бохум од 1997 година, а германските власти се обидуваат да го депортираат од 2006, но не успевале во тоа бидејќи Самиј А. се жалел дека во неговата земја го очекува тортура, пренесува „Билд“.

Спонзорирано: