3.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Царовска во Тимјаник: Мал групен дом ќе има, првата несакана епизода беше само недоразбирање

Министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска, во текот на вчерашниот ден повторно ги посети Неготино и Тимјаник и заедно со неготинскиот градоначалник, Тони Делков, оствари средба со локалните жители.

Како што информираат од Министерството за труд и социјална политика, недоразбирањата се веќе минато, а подготовките за малиот групен дом во Тимјаник продолжуваат.

„Никогаш не се сомневав во хуманоста на нашите граѓани и верував дека првата несакана епизода е само недоразбирање“, изјавила министерката Царовска.

„Драго ми е што овој пат имавме многу конструктивна дискусија и жителите дадоа поддршка на она што го правиме. Јас верувам дека Тимјаник ќе биде симбол на хуманоста на нашето општество, а жителите ќе се гордеат со тоа“, заклучи министерката.

Во меѓувреме забрзано се работи на деинституционализацијата, соопштуваат од ресорното министерство, кое е во комуникација и со други општини кои изразиле подготвеност за отворање на мали групни домови.

„Истовремено, МТСП во соработка со УНИЦЕФ ја промовира и кампањата ‘На секое дете му треба семејство’ која што има за цел да ги поттикне граѓаните да станат згрижувачи на деца без родителска грижа и да им овозможат да растат во безбедно и грижливо семејно опкружување исполнето со љубов. Кампањата досега постигнува одличен успех, повеќе од 100 лица изразија желба да згрижат дете“, информират од министерството.

Спонзорирано: