18.8 C
Скопје
6. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Скопјанец демолирал познат ресторан кршејќи се’ што ќе најде пред него, а потоа сам си направи нешто за што денес сигурно се кае

Сопственичка на кафеана, во текот на вчерашниот ден, во полициската станица во Драчево, пријавила дека во објектот лоциран на улицата „Бранко Заревски“, 28-годишен гостин го нарушил јавниот ред и мир.

Според пријавеното, младиот скопјанец кој бил испијанет, во еден момент почнал непристојно да се однесува, да превртува маси и да крши чаши. Една чаша скршил од својата глава и се повредил, по што со брза помош бил пренесен во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“.

По укажаната лекарска помош, тој бил пуштен на домашно лекување.

Увид на местото извршила полициска екипа и во моментов се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.