8.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Pixabay
СВЕТ

Кремљ: Резултатите од изборите сведочат за големиот политички авторитет на Ердоган

Рускиот претседател, Владимир Путин му честита на Реџеп Тајип Ердоган за реизборот на функцијата претседател на Турција, соопшти прес-службата на Кремљ.

„Рускиот претседател истакна дека резултатите од гласањето се убедлив доказ за големиот политички авторитет на Ердоган, како и широката поддршка за одлуките донесени под неговото раководство при решавањето на тековните социоекономски задачи што стојат пред Турција, како и зајакнувањето на надворешно-политичката позиција на земјата“, се наведува во соопштението на Кремљ.

Понатаму се додава дека Путин ја потврдил подготвеноста за продолжување на дијалогот, но и тесната соработка на билатерално, регионално и светско ниво. Во соопштението се вели дека соработката меѓу двете земји, одговара на интересите на народите и продонесува за воспоставување на мирот, стабилноста и безбедноста во Евроазија.