27.8 C
Скопје
8. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

СДСМ негира каква било вмешаност во боењето на штабот на ВМРО-ДПМНЕ

СДСМ ги отфрли обвинувањата на ВМРО-ДПМНЕ и негира каква било вмешаност во боењето на штабот на опозициската партија за време на вчерашниот протест. Од партијата бараат ВМРО-ДПМНЕ да престане да го инволвира СДСМ во сопствените внатрепартиски поделби.

„Нема прес-конференција на ВМРО-ДПМНЕ на која не се соопштени измислици, лажни обвинувања, конструкции и невистина. Притоа, самата ВМРО-ДПМНЕ се повикува на „непотврдени“ и неофицијални информации. Не е точно она што го тврди ВМРО-ДПМНЕ. Ниту имало некакви средби како што измислива ВМРО-ДПМНЕ ниту пак СДСМ има било каква поврзаност со случајот“, велат од владејачката партија.

Од СДСМ повторно го осудија нападот на централниот штаб на ВМРО-ДПМНЕ и секаков друг вид на насилства коишто ја загрозуваат безбедоста.

„Очекуваме институциите, согласно нивните законски надлежности, да го расчистат овој случај, по што ќе паднат во вода сите денешни лажни тврдења на ВМРО-ДПМНЕ. Наместо ВМРО-ДПМНЕ да вмешува други политички субјекти во своите внатрепартиски процеси, треба да ги реши внатрешните проблеми“, велат од СДСМ.