20.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Предупредување од УХМР, доаѓа невреме: Обилни дождови, грмежи и силен ветер во Македонија

Времето денеска ќе биде сончево и свежо со мала до умерена облачност. Во централните делови ќе има претежно сончево време. На крајот од денот на југозапад ќе има услови за појава на слаб дожд. Преку денот ќе дува слаб до умерен северен ветер. Минималните температури ќе се движат од 8 до 15, а максималните од 19 до 28 степени.

Во Скопско ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен северен ветер, со температура од 11 до 24 степени.

Од понеделник до среда ќе преовладува облачно и посвежо време со пообилни врнежи од дожд, особено пообилни во западните и јужните делови на земјава. До среда ќе остане посвежо преку денот, а потоа температурите ќе се во пораст.