17.8 C
Скопје
20. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

На кумановец му ја запалиле влезната врата на куќата

Непознато лице на кумановец му ја запалило влезната врата на куќата. Според полицијата, вчера околу 22,00 часот во Куманово на улицата „Драги Шутевски“ во куќа сопственост на Р.С. (65), непознат сторител со запалива течност ја испрскал влезната врата од куќата и ја запалил.

Пожарот бил изгаснат од страна на екипа од Територијалната против пожарна единица од Куманово.По наредба на Јавен обвинител увид на лице место извршила екипа од крим техника. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.