17.8 C
Скопје
20. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Премиерот упати честитки по повод Денот на балканските Еѓипќани

Премиерот Зоран Заев, во негово и во име на Владата, по повод Денот на Еѓипќаните, упати честитки до припадниците на заедницата на балканските Еѓипќани во Република Македонија.

„Имајќи ве вас, како истакната и активна заедница во издигнувањето на нашето заедничко, mакедонското општеството кое го градиме и кое претставува дом за сите култури и заедници што живееме во него, дополнително се збогатува ризницата на мултикултурниот потенцијал, кој е столб во нашите стремежи за едно општество за сите“, се вели во честитката.

Во неа се додава дека одбележувањето на Денот на балканските Египќани е убава можност да се афирмира историјата и културата на заедницата на балканските Египќани, но и да се проговори за актуелните предизвици со кои се соочуваме во нашата визија за подобра иднина за сите, без разлика на припадност и определба, во наша заедничка Република Македонија.