17.8 C
Скопје
20. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

МВР утврдува кој фрлил боја врз партиското седиште на ВМРО – ДПМНЕ

Министерството за внатрешни работи соопшти дека се работи на расчистување на настанот од синоќа кога боја била фрлена врз седиштето на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ и околу него на плоштадот ВМРО. МВР пријавата за настанот ја добило телефонски.

„На 23.06.2018 година во 23 часот во Единицата за информации и команда Скопје, одговорно лице од политичката партија ВМРО-ДПМНЕ телефонски пријавило дека на објектот во сопственост на партијата лоциран на плоштад ВМРО, од страна на непознати лица била фрлена боја врз објектот и околу него. На лице место излегле полициски службеници и се преземаат мерки за расчистување на настанот“, велат од МВР.

На ист начин како што пред две години „Шарената револуција“ го искажуваше својот револт од власта, доцна синоќа, откако заврши протестот пред Собранието, боја беше фрлена врз барокното седиште на ВМРО-ДПМНЕ и по плочникот околу него.