20.8 C
Скопје
2. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Меркел со честитка до Заев: Германија силно ќе го поддржи договорот со Грција

Германската канцеларка, Ангела Меркел, упатила честитки до премиерот Заев по повод договорот за македонско-грчкиот спор за името.

Како што информираат од владината прес-служба, Меркел во официјалната честитка изразила радост за постигнатиот договор.

„Оваа спогодба го отвора патот за историски договор и Вам и на Вашата влада срдечно Ви честитам за овој успех. Сојузна Република Германија со голем интерес ќе го следи спроведувањето на договорот и силно ќе го поддржи“, се истакнува во писмото со честитки до премиерот Заев од канцеларката Меркел.

Спонзорирано: