11.8 C
Скопје
7. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ЗДРАВЈЕ

Апарат за побрзо и поефикасно постигнување резултати за професионални и рекреативни спортисти

Првиот апарат за стимулирање на мускулите за постигнување подобри резултати, посебно кај спортистите, пристигна и во Македонија и е достапен во психијатриската ординација MindLab. Апаратот наречен Halo Sport, со невростимулација го ослободува човечкиот потенцијал и го забрзува постигнувањето на посакуваните резултати и перформанси од физичката активност. Станува збор за уред (слушалки) кој користи технологија на невростимулација за стимулирање на дел од мозокот кој е одговорен за движењето на мускулите, што доведува до забрзување на силата, моќта, експлозивноста и вештината, а со тоа и постигнување подобри резултати.

Апаратот ја користи технологијата TDCS, или транскранијална директна струјна стимулација, многу  добро истражен,  неинвазивен, безбеден и безболен мозочен стимулативен третман каде со многу ниски нивоа на директни електрични струи се стимулираат или инхибираат одредени делови од мозокот, со што се постигнуваат одлични резултати. Сите испитувања покажаа дека професионалните спортисти или оние кои се занимаваат со спорт рекреативно или посетуваат фитнес центри, со стимулациите со Hаlo Sport зацртаните цели ги постигнуваат 5 дена порано односно 45 проценти побрзо“, вели д-р Тина Темелковска, специјалист психијатар и основач на MindLab.

Создаден е од менаџерски тим од Медицинскиот факултет во Стенфорд, а заради добрите резултати и методот што го користи, Halo Sport веќе наголемо го практикува Олимпискиот скијачки тим на САД, американските сили за специјални операции, кошаркарите од НБА, американските бејзбол и фудбалска лига МЛБ и НФЛ и многу други професионални спортисти.

MindLab преку специјализираноста и соодветната сертификација на терапевтот д-р Тина Темелковска обезбедува современи третмани кои ја инкорпорираат најновата технологија и достигнувања во медицината и во психијатриската наука, а најново е користењето на апаратот Halo Sport за побрзо и поефикасно постигнување спортски резултати.

Како единствена ординација во Македонија лиценцирана за специфични специјализирани третмани, покрај основните психијатриски и психотерапевтски услуги како психијатриски преглед, психолошко советување и тестирање, индивидуални и групни сесии и партнерска психотерапија, MindLab се издвојува и по тоа што е лиценцирана и за напредните терапевтски методи како когнитивно бихејвиорална и терапија со виртуелна реалност. Овие методи кои што важат за  револуционерни неинвазивни и медикаментозно ослободени методи, се изведуваат за првпат во Македонија и единствено во MindLab. Тие имаат широка примена кај разни невролошки заболувања, но и кај психијатриски нарушувања од типот депресија, регенерација на нарушена моторика или функцијата на говорот по повреди на главата и мозочни удари, кај Паркинсонова болест, мигрена и болни состојби од различен потекло, а постојат индикации дека методот позитивно делува и на когнитивните способности кај здравите луѓе.

Повеќе информации за работењето на психијатриската ординација MindLab се достапни на линкот http://mindlab.mk/mk/.