13.8 C
Скопје
2. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

По потпишувањето на договорот се огласи Али Ахмети: Ни се исполни сонот

Претседателот на Демократската Унија за Интеграција, Али Ахмети, го поздрави денешното потпишување на договорот за решавање на спорот за името меѓу Македонија и Грција.

“Го поздравувам денешното потпишување на долгоочекуваниот договор кој претдтавува исполнување на нашиот сон за целосно интегрирана Македонија во Европската унија и во НАТО.

Работевме напорно и со голема посветеност да дојдеме до овој ден кога ќе се построиме на правилната страна на историјата.

Честитки до сите и ве уверувам дека ова е вистинската одлука за заедничката иднина и за најдоброто можно за сите наши граѓани “, истакна лидерот на ДУИ, Ахмети.

Спонзорирано: