16.8 C
Скопје
2. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Вооружена драма среде бел ден во Кисела Вода

Среде бел ден во 14.30 часот во Полициската станица Кисела Вода, 25-годишниот Б.Х. од Скопје пријавил дека непознато лице му се заканувало со огнено оружје.

Полицијата информира дека истиот ден околу околу 11.30 часот, додека се движел со неговото патничко возило „Голф 5“ со скопски регистарски ознаки заедно со семејството, на улицата „Јабланица“ се судриле со патничко возило „Лада Нива“ со скопски регистарски ознаки.

Притоа, кај двете возила имало само гребнатини на ретровизорите. Возачот на возилото „Лада Нива“ започнал вербална расправија со Б.Х. при што му се заканувал. После тоа, Б.Х. излегол од возилото и го повикал другиот возач да не се расправаат, а во еден момент му упатил закана по животот и заминал.

После 15 минути, на крстосницата во Пинтија, возилото „Лада Нива“ му го попречило патото на Б.Х. а од возилото излегло непознатото лице и со пиштол му се заканило по животот, по што заминал во непознат правец.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Спонзорирано: