17.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Сите документи ќе мора да се менуваат во рок од пет години – еве како ќе изгледа пасошот

Откако договорот со Грција за решавање на спорот за името ќе стапи на сила, новото име „Република Северна Македонија“ ќе се користи во сите релевантни меѓународни, мултилатерални и регионални организации, институции и форуми, вклучувајќи ги сите средби и коресподенција, во сите нивни билатерални односи со земјите членки на ОН.

Ќе има два транзициски периоди за промена на документите – едниот ќе биде технички, а другиот политички. „Техничкиот“ транзициски период ќе се донесува на сите официјални документи и материјали од јавната администрација на земјава за меѓународна употреба и на оние за внатрешна употреба што може да се употребуваат и надвор од дрѓавата. Важноста на ваквите документи и материјали ќе се обновува во согласност со името и термините наведени во договорот, најдоцна во рок од пет години по стапувањето на сила на договорот.

„Политичкиот“ транзициски период ќе се донесува на сите документи и материјали исклучиво за внатрешна употреба во земјава. Издавањето на ваквите документи и материјали што се опфатени со оваа категорија ќе почне при отворањето на секое поглавје на релевантното поле во прегворите со ЕУ и ќе биде финализирано во рок од пет години оттогаш.

Во однос на кодовите – МК – МКД остануваат меѓународно прифатени и препознатливи кодови. Регистарските таблици на возилата не се дел од меѓународната кодификација и заради тоа таблиците ќе го следат духот на договорот кој ќе се потпише со Грција – НМК.

Во врска со употребата на името Македонија во термините на комерцијалните имиња, логоа и имиња на марки, се наведува дека страните се согласуваат да ги поддржат и да ги охрабруваат своите деловни заедници да воспостават искрен, структурен и добронамерен дијалог, во чиј контест ќе се бараат и ќе се постигнуваат заемно прифатливи решенија на проблемите што произлегуваат од комерцијалните имиња, логоа и имиња на марки и сите ревевантни прашања на билатерално и меѓународно ниво. За имплементација на одредбите, ќе биде утврдена меѓународна група од експерти, составена од претставници на двете држави во контекст на ЕУ со соодветно учество на Обединетите нации и ИСО. Оваа група ќе биде формирана во 2019 година и ќе ја заврши својата работа во рок од три години. Ништо нема да влијае на сегашната комерцијална употреба се додека не се постигне заемен договор.