18.8 C
Скопје
28. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Исчезна новинар во Србија кој го истражувал убиството на Оливер Ивановиќ

Министерството за внатрешни работи на Србија распиша потерница по новинарот од Бела црква, Стефан Цветковиќ, веднаш откако е пријавено дека неговото возило е оставена на улица со отворена возачка врата и вклучени светла.

Полицијата веднаш излегла на местото на настанот и се испратени екипи кои трагаат по новинарот. Беглрадските медиуми исчезнувањето на Цветковиќ го поврзуваат со неговото истражување на убиството на лидерот на косовските Срби, Оливер Ивановиќ. По повеќе од шест месеци од неговото убиство во Митровица пред седиштето на партијата, нема резултати од истрагата.

Цветковиќ неодамна објави неколку фотографии од лице за кое тврди дека е вмешано во атентатот врз Оливер Ивановиќ. Според новинарот, до оваа слика дошле откако тој и неколкумина негови колеги – Албанци во Косово, долго време истражувале и дошле до информацијата дека лицето од сликата пристигнало во Косово на 12 јануари, а околу канцеларијата на Ивановиќ поминало 14 пати се до денот на атентатот. Истото лице го напуштило Косово само еден ден по убиството.

Спонзорирано: