24.8 C
Скопје
30. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

ВМРО-ДПМНЕ не го поддржува договорот со Грција, бара задолжителен референдум

Потребно е разјаснување на целата ситуација за надлежностите на институцијата за водење на процесот, односно која институција е надлежна да случува меѓународни договори од ваков тип -Владата или преседателот на државата. Ставовите на ВМРО-ДПМНЕ се познати, непроменети и прецизни. Нема да отстапиме од своите приницпи и уверувања. ВМРО-ДПМНЕ нема да прифати промена на Устав, а со цел промена на уставното име. Доколу Заев се обидува шверцерски капитулацијата да ја протне низ собраниска процедура, мора да знае дека референдум мора да има и тој треба да биде задолжителен, а не консултативен, порача лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на прес-конференција по обелоденувањето на договорот со Грција.

Ток обвини дека преговорите се водеа во тајност. „ВМРО-ДПМНЕ не беа вклучени и сега е јасно зошто. Заев го монополизираше процесот. Единствено што се случи е што имав телефонски разговор со него. Ова е прифаќање на Грција ова е т.н договор. Ако овој договор е прифаќање на промена на Уставот, ова е договор за капитуалција. Лош исход е поради неспособност и невешта дипломатија. Заев покажа нестабилност и недостоинственост. Беше протов промена на устав, па сега не убедува дека тоа го потврдува идентитетот. Излажа и денес. Ова е на штета на Република Македонија, рече Мицкоски.

На новинарско прашање тој одговори дека ќе гласа против на референдумот.

„Ајде да одиме на избори од утре да ги направиме условите кои ги имаше СДСМ во 2016 година и да спроведеме предвремени избори со претседателските“, повика тој.

Спонзорирано: