14.8 C
Скопје
8. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Вечерва инцидент пред Собранието: Фрлен е молотов коктел врз зградата, полицијата на нозе

Молотов коктел заврши врз собраниската зграда, но не се запали, за време на протестите против промената на името.

Забележани се и демонстранти како фрлаат со конзерви, шишиња и други предмети кон Собранието.

Протестот е во тек, а дел од присутните држат запалени бакли и пејат патриотски песни. Собраните и говорниците извикуваат „Македонија“ и „Македонија на Македонците“, повикувајќи го народот да им се приклучи и порачувајќи дека нема да дозволат промена на името. Во еден дел од обраќањата беше предупредено дека ако се смени името Македонија ќе гори, а се скандираше и „бесилка бесилка“, „Оставка од Заев“, „Името не го даваме“.

Официјален организатор на протестите нема. Повеќе патриотски организации денеска на социјалните мрежи повикуваа на протести, а со повици се приклучија и неколку навивачки групи.