20.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

До среда температурите ќе растат, а од четврток промена на времето

Времето утре ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност и со слаб ветер од северозападен правец. Попладне ќе има изолирана појава на краткотраен пороен дожд и грмежи.

Вредноста на УВ индексот ќе изнесува 8. Дневната температура ќе се движи од 25 до 35 степени.

Од среда следува период на променливо облачно и нестабилно време со повремен пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Локално процесите ќе бидат и во форма на невреме. На места се очекува да има обилни врнежи од дожд. До среда дневните температури ќе бидат во пораст, а од четврток во опаѓање.