23.8 C
Скопје
8. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Потресни сцени на гробиштата во Скопје: Еве како навивачите на „Црвена Ѕвезда“ се простија од младиот Драган

Потресни сцени на скопските гробишта во Бутел денеска кога најблиските го испраќаа младиот навивач Драган.

делиите инаку навивачите на Црвена Ѕвезда денеска на градските гробишта Бутел во Скопје, се простија од нивниот пријател Драган Крстев, во навивачки дух, со навивачка песна и со запалени факели.

Инаку Драган К. (24) од скопската општина Кисела Вода почина вчера додека играл фудбал на едно од игралиштата во населбата. Момчето се пожалило дека му е лошо и паднало на земја, по што веднаш била повикана брза помош. Лекар, кој бил присутен во близина се обидел да му пружи прва помош, но момчето не покажувало знаци на живот. За настанот детали беа објавени и во денешниот билтен на полицијата.

Претходно како што објавивме Драган бил член на навивачката група „Комити“. На групата „Комити Кисела Вода“ на Фејсбук е напишано:

„Нашиот пријател и другар – Драган Крстев, ненадејно го напушти овој свет. Голема трагедија и огромна загуба. Драган беше поим за верност и знаеше како треба да се сака еден клуб. Сочувство до неговата фамилија и најблиските. Почивај во мир, пријателе…“