25.8 C
Скопје
6. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

СДСМ предмалку излезе со жестока реакција до ВМРО ДПМНЕ – еве што се вели во пораката

Списоците и тефтерчињата, заедно со масовното партизирање на институциите и државните и јавните претпријатија беше одлика на расипничко и криминално владеење на ВМРО-ДПМНЕ и тоа заврши со нивното заминување во опозиција, соопштија од СДСМ.

– Ништо од она што ВМРО-ДПМНЕ денеска го изнесе на прес конференција не е точно. Залудни се лажните вести на ВМРО-ДПМНЕ. Ниту една нивна лага, ниту еден обид за манипулација со цел да се сврти вниманието од лагите на Христијан Мицкоски не може да го побие фактот дека Македонија се менува на подобро.

Сите институции, сите државни и јавни претпријатија работат професионално, независно и во согласност со законските надлежности. Со промените се спроведуваат политики за професионална јавна администрација како сервис за граѓаните.

Времето на партизација на општеството заврши, започнатите реформи обезбедуваат независни и професионални институции кои работат единствено во интерес на граѓаните.

Спроведуваме политики за професионална јавна администрација како сервис за граѓаните, велат од СДСМ.