17.8 C
Скопје
19. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

СДСМ предмалку соопшти супер вести за Македонија

ВМРО-ДПМНЕ нема апсолутно никаков кредибилитет, особено за економија. ВМРО-ДПМНЕ 11 години ја урниса економијата, создаде огромни долгови и ги осиромашуваше граѓаните.

Денеска 90.000 граѓани добиваат повисоки плати благодарение на Законот за минимална плата и придвижување на спиралата на раст, трошоците за живот се намалени, субвенциите се исплатени навремено и неселективно. 

Во првите месеци од оваа година Македонија бележи раст на извозот од 14.3 проценци, растат и девизните резерви.

По рекордниот влез на странски инвестиции од 235 милиони евра во првите три месеци од годинава, ова е уште една потврда дека економијата се движи во вистинскиот правец.

Ова се дел од реалните факти што јасно ја покажуваат разликата меѓу расипничкото владеење на ВМРО-ДПМНЕ и одговорно и домаќинско работење на владата предводена од СДСМ.

Му се допаѓа тоа на ВМРО-ДПМНЕ или не, Македонија оди напред и залуден е секој обид на опозициската партија да ја врати во темното минато.