20.8 C
Скопје
7. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Европските лидери сакаат да формираат камп за мигранти надвор од границите на ЕУ

Данскиот премиер Ларс Локе Расмусен изјави дека тој и другите европски лидери разговараат за формирање камп за мигранти што бараат азил, а таквиот центар да биде лоциран надвор од ЕУ, објави денеска „Ројтерс“.

„Германија, Холандија и Австрија се дел од земјите чии влади разговараат по однос на ова прашање и се надеваме дека пилот-проектот би можел да го отвори патот до новиот европски систем за азил, со поголема контрола отколку претходно“, објаснува Расмусен за медиумите.

„Јас сум оптимист. Врз основа на разговорите што ги имам со другите европски лидери, очекувам дека ќе го направиме првиот чекор годинава“, рече данскиот премиер и додаде дека овој камп ќе биде лоциран во земја што не е на листата со посакувани дестинации за мигрантите или шверцерите на луѓе.

Во првите четири месеци годинава 1.000 мигранти влегле во Данска, а во 2015 година биле примени 21.000. Во споредба со соседите, Шведска и Германија, тоа е многу помал број според бројот на жители.