17.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Бачев: Сојуз со Русија ќе обезбеди опстанок на Македонија

Претседателот на Единствена Македонија, Јанко Бачев, придружуван од заменик-претседателот на партијата, Стефан Влахов Мицов, и членот на Извршниот комитет, Драган Угриновски, денеска остварил средба со заменик-амбасадорот и прв советник во Амбасадата на Република Франција, Станислас Мрозек.

Како што информираат од партијата, на средбата по барање на француската амбасада се разговарало за актуелната политичка состојба, стратешките приоритети на Единствена Македонија и реформските процеси за државата.

Притоа Бачев посочил дека опстанокот на Македонија и просперитетот на народот се обезбедува во сојуз со Русија и членство на Македонија во Евроазиската економска унија. Тој потенцирал дека во однос на интеграциските процеси новата легална власт на Единствена Македонија ќе ја оствари, како што рекол, јасно изразената намера на македонскиот народ и поголем дел од граѓаните на Република Макеоднија за сојуз со Русија и членство во ЕЕУ.

„Загрижувачки е пеколниот план на англискиот амбасадор Чарлс Гарет за кантонизација на Македонија според мапата што амбасадорот Гарет му ја покажал на претседателот Иванов во претседателската резиденција во вилата на Водно“, рекол претседателот на Единствена Македонија.

Воедно, Бачев на средбата истакнал дека серизоен проблем претставуваат марионетските власти во Република Македонија кои 27 години се купени и контролирани од ист центар за рушење на Македонија и македонскиот народ.