24.8 C
Скопје
19. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

ВМРО-ДПМНЕ: Шекеринска ветува брда и долини, а економијата е клекната на колена

Радмила Шекеринска без срам по којзнае кој пат продолжува да ја манипулира македонската јавност, реагираат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ на средбите со граѓани кои потпретседателката на СДСМ вчера ги остварила во Охрид.

Велат дека додека Шекеринска од Охрид ветувала брда и долини, Република Македонија тон наместо да напредува.

„СДСМ ги излажа граѓаните пред изборите. Граѓаните очекуваат 30.000 денари просечна плата, плата од 100.000 денари за докторите специјалисти, покачување на пензиите, социјална помош од 12.000 денари, зголемување, а не намалување на субвенциите на земјоделците, 600 нови километри автопат и 550 километри магистрални патишта. Наместо просперитет и напредок, овој криминален картел на власт ѝ носи само крах на Република Македонија“, се наведува во партиското соопштение.

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека картелот на чело со Заев ја клекнал економијата на колена.

„Додека економиите од Европа и регионот бележат енормен раст, Република Македонија бележи стагнација. Платите паѓаат, а цените на производите на мало растат. Стандардот на граѓаните е сè понизок. Шекеринска и Заев, наместо да се служат со лаги, треба да одговорат во кој џеб завршуваат милионските суми на задолжување на граѓаните и државата“.

Од опозициската партија додаваат дека Шекеринска како министер за одбрана за една година успеала да покаже дека воопшто нема намера да ја унапредува одбраната, туку единствено води грижа за нејзиниот личен комодитет.

„Со вакви погубни политики на криминалниот картел на власт, Република Македонија се носи кон бездна, а не кон ЕУ и НАТО. Време е Шекеринска да ги тргне розовите очила и да ја согледа реалноста дека граѓаните не живеат подобро. Државата не смее да тоне, СДСМ не може да донесе просперитет, носи само крах. Граѓаните заслужуваат подобро“, стои во соопштението.