17.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Заев: Во прашање се денови кога ќе се случи разговорот со Ципрас

Во прашање се денови да се случи телефонскиот разговор меѓу премиерите на Македонија и на Грција, и во моментот се уште се создаваат околностите за да се реализира тоа, одговори премиерот Зоран Заев на новинарско прашање на завршната конференција на проектот „Мрежа 23+ поглавје 23: Пандорина кутија или клуч за добор владеење?“

Во врска со изјавата на Коѕиас дека во игра се три предлози – Република Северна Македонија, Република Горна Македонија и Република Нова Македонија, Заев одговори дека верува оти процесот е на самиот крај и оти крајот ќе биде среќен и успешен.

– Да не избрзуваме со детали за тоа, се уште се создаваат околностите за да се случи телефонскиот разговор. Денови се во прашање. Откако ќе се случи, граѓаните ќе бидат информирани за тоа и за неговата содржина – рече Заев.