20.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Вечерва се огласи Али Ахмети: Ова е неговата порака

Претседателот на Демократската унија за интеграција (ДУИ), Али Ахмети, денеска преку објава на својот официјален фејсбук профил упати честитка по повод 16-годишнината од основањето на оваа политичка партија.

Во објавата, Ахмети вели дека за 16 години постоење, ДУИ успеала да постигне завидни резултати, како 12 победи во изборните процеси во земјата и илијадници вработени Албанци во администрацијата и приватниот сектор.

„Оваа годишнина ја наоѓа ДУИ со завиден биланс – со 12 последователни победи во сите изборни процеси во земјата, 4 конгреси од кои 3 изборни и 1 тематски, со илјадници вработени во администрацијата и приватниот сектор, со слободни економски зони во Струга, Кичево, Тетово, Скопје, со гасификација започната во Скопје, Тетово и Гостивар, со многу изградени патишта и некои кои се уште се градат, автопатот Кичево – Струга, со заеднички владини средби со Косово и Албанија, со енергетска повезаност со Албанија, како и со преминување на границата со Косово и Албанија без пасош, со исцртана граница со Косово и признавање на косовската независност“, се наведува во писменото обраќање на лидерот на ДУИ.

Тој споменува и некои реализирани проекти од областа на килтурата и инфраструктурата како албанскиот театар во Скопје, тетовската библиотека и театар, Музејот во Битола и Музејот на слободата, Државниот ансамбл на албански песни и ора, Меморијалниот центар на Албанската Мајка во Зајаз, но и проектите за водоснабдување, ургентен центар во Тетово и други болнички центри, земјоделски субвенции, образовни стипендии итн.

Ахмети потенцира и дека во изминатите 16 години на неговата партија и припаднале клучни функции во земјата.

„Оваа 16-годишнина, исто така, го означува заклучокот од тематското делување на Демократската Унија за Интеграција, која започна со уставните промени во согласност со Охридскиот договор, територијалната поделба, националните симболи, фер и правичната застапеност во државните институции, предводење на клучни функции во државата како претседател на Собрание, државен правобранител, народен правобранител, министер за одбрана, министер за внатрешни работи“.

Понатаму во обраќањето лидерот на ДУИ, нагласува дека тие како партија никогаш не се занимавале со другите и посветено ја вршеле својата работа.

„Секој единствен ден во овие 16 години го развиваме угледот на достоинствен претставник на граѓаните и го одржуваме силното партиско единство и колегијална солидарност, без да ги заборавиме вредностите и потеклото со којшто го започнавме ова патување и ослободителните напори за целосна еднаквост. За овие 16 години, со целосно достоинство ги претставувавме Албанците и сите граѓани на Македонија на национално, регионално и меѓународно ниво и сме ценети и прифатени од сите“, додава Ахмети.

Сепак, тој сепак има забелешки за, како што вели, фрагментирана албанска сцена со тенденција за понатамошно продлабочување на поделбата на Албанците во безброј партии.

„Убедени сме дека ова агенда за парцијализирање и слабеење на нашиот политички потенцијал во земјата мора да заврши и ние остануваме посветени на принципот дека на Албанците во Македонија не им требаат повеќе од две политички партии за да се постигне оптимална застапеност и реализација. Поделбата на албанскиот глас во многу партии, парциалното и маалско претставување, а не генерално, не прави безначајни и несериозни дома и пред меѓународната заедница“, смета претседателот на ДУИ.

Понатаму, тој истакнува дека партијата работи за брзо и одржливо решение кое ќе го отвори патот кон НАТО и ЕУ и ќе придонесе кон мирот, стабилноста и безбедноста, како и раст на економскиот развој и социјалната и општествена благосостојба.

„Оваа годишнина се обележува во пресрет на многу проекти и дела што нè очекуваат. Ние ќе успееме, бидејќи нам во Демократската унија за Интњграција не ни недостасува ниту знаење, ниту посветеност, ни енергија и храброст. Одбележувајќи ја нашата 16. годишнина, да се посветиме за заедничка иднина, за меѓусебна солидарност, да го одржиме духот на соработката еден со друг, да ги реализираме надежите на граѓаните, преку силно унапредување на нашите заеднички вредности, зошто не и за понатамошното зајакнување на Демократската унија за интеграција како наша национална вредност“, се вели во писменото обраќање на Али Ахмети, објавено на неговата офецијална фејсбук страница.