17.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Катар бара целосно членство во НАТО

Катар се надева дека набргу ќе добие целосно членство во НАТО, изјави денес министерот за одбрана.

„Без сомневање, направивме подобрувања“, изјави Калид ал-Атија во интервјуто за „Алталаја“, официјалнниот магазин на Министерството за одбрана на Катар.

„Катар стана една од најзначајните земји во регионот во однос на квалитетот на воената опрема“, изјави министерот.

Ал-Атија додаде дека соработката помеѓу Доха и НАТО се проширува, па Катар може да биде домаќин на една од единиците на НАТО во некој од своите специјализирани центри, пренесува агенцијата „Анадолија“.

„Што се однесува до членството, ние сме еден од главните сојузници надвор од алијансата… но, сепак, нашата цел е целосно членство ако НАТО сака да се прошири – нашата визија е јасна“, вели министерот.

„НАТО ја цени соработката со Катар и борбата против тероризмот, но тоа го цеди нашиот буџет“, тој додава.

Изјавата на министерот беше дел од дискусијата по повод годишнината од кризата во Катар, која беше предизвикана кога Саудиска Арабија, Египет, Обединетите Арапски Емирати и Бахреин му поставија блокада на Катар со надеж дека земјата ќе исполни одредени барања.

Овие четири земји од Персискиот Залив ја обвинија Доха дека е поддржувач на тероризмот – обвинение што Доха остро го отфрла – и ги заладија односите.