3.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Полицијата влезе во угостителски објект во тетовско – има приведени

Во периодот од 23.40 часот на 04.06. до 02.00 часот на 05.06. полициски службеници извршиле акциски контроли во два угостителски објекти во село Сараќино и во Тетово.

Во угостителскиот објект во с.Сараќино, сопственост на 36-годишниот А.М. биле затекнати осум женски лица од кои две државјанки на Република Македонија, четири од Република Србија, една од Црна Гора и една од Република Албанија.

Во угостителскиот објект во Тетово, сопственост на М.Б. (37), биле затекнати 10 лица, од кои шест се државјанки на Република Македонија, две женски лица од Република Србија и две лица-гости од Република Албанија.

Поради злоупотреба на туристичкиот престој и нелегална работа сите странските државјанки, како и двајцата гости од Албанија, биле приведени во Полициската станица Тетово, по што биле предадени на Отсекот за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија Тетово за понатамошна постапка.

Спонзорирано: