3.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

НАТО од денеска редовно патролира на небото над Црна Гора

Борбени авиони на воздухопловните сили на Италија и Грција, во соработка со воздухопловството на Војската на Црна Гора, од денеска започнуваат со редовно патролирање во црногорскиот воздушен простор, како и негова заштита, соопшти црногорското Министерство за одбрана.

По тој повод, како и по повод првата годишнина од членството на Црна Гора во НАТО, ќе биде организирана вежба на приземјување на летало-натрапник, пренесува РТЦГ.

Како што се вели во соопштението, заштитата на воздушниот простор е „еден од најзначајните облици на директна придобивка од членството на Црна Гора во НАТО.

Од 2009 година борбени авиони на Италија и Грција го штитат и воздушниот простор на Албанија.

Спонзорирано: