6.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

СДСМ предмалку со многу остро соопштение до ВМРО ДПМНЕ – ова е пораката

Интегрално го пренесуваме соопштението на СДСМ:
ВМРО-ДПМНЕ не може да излезе од политиките на стравови и заплашувања што со години ги практикуваше како власт, а сега тоа го прави и како опозиција

Денес граѓаните не се плашат и не треба да се плашат од власта.

ВМРО-ДПМНЕ не може да сфати дека тоа се новите демократски политики во Македонија.

Наместо политики на молк, затвореност и страв, денеска сме сведоци на политики на гласност, отвореност и слобода. Тоа е демократска вредност што е непозната за опозициската ВМРО-ДПМНЕ.
ВМРО-ДПМНЕ, партијата што 11 години се служеше со репресија, затвораше новинари и медиуми, етикетираше неистомисленици и сееше омраза и пропаганда платена со народни пари, денес продолжува со истите практики.
Христијан Мицкоски продолжува прецизно да следи патот на Никола Груевски.
Одбрана на криминалот на Никола Груевски е единствената цел на ВМРО ДПММЕ. Партијата треба да разбере дека треба да се качи на вагата на правдата.

Граѓаните расчистија со Никола Груевски и избраа просперитет, повеќе инвестиции, повисоки плати, еднаквост, слобода, демократија, правда, избраа едно општество, едно семејство за сите.

Криминалното и расипничко вледеење на ВМРО-ДПМНЕ останува во минатото и никогаш не може да биде иднина.

Македонија тргна напред и нема ниту запирање ниту враќање назад.

Спонзорирано: