8.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Пукање долж рутата на маратонот во Сан Диего, приведена една жена

Една жена e привeдена откако полицијата во Сан Диего објави дека имало пукање по должината на маршутата на маратонот, кој во градот се одржува секоја година.

Инцидентот бил пријавен во 11 часот и 09 минути по локално време, а се случил на паркинг во близина на кој се наоѓала целната линија на маратонската и полумаратонската трка, пренесува Си-би-ес 8.

Неколку минути подоцна, полицијата објавила дека ситуацијата е под контрола.

Покрај тоа, се наведува дека еден полицаец наводно бил повреден откако случајно се застрелал во нога.