3.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ЗДРАВЈЕ

Познат музички хит може да спаси многу животи

Песната „Макарена“ може да спасува човечки животи, сметаат шпанските научници кои советуваат луѓето да се држат до ритамот на стариот летен хит кога практикуваат масажа на срцето.

https://www.youtube.com/watch?v=gwWRjvwlLKg
Имено, песната од групата Лос дел Рио од 1993 година обезбедува добро темпо за ваквиот итен зафат, односно за 100 до 120 компресии во минута, пренесува агенцијата „Хина“.

Сепак, требало да се докаже дека тоа функционира во практика, па истражувачки тим од Универзитетската болница во Барселона, регрутирал 164 студенти по медицина за целите на експериментот.

Студентите биле поделени во три групи, а секоја од нив добила задача да врши срцева масажа на кукли во тек од десет минути. Резултатите биле најдобри во групата која користела метроном од апликација за мобилни телефони, поставена на 103 отчукувања во минута. Во таа група, 91% од учесниците го одржале вистинскиот ритам.

Учесниците кои ментално го следеле ритамот на „Макарена“ го држеле правилното темпото со стапка од 74 проценти. На крајот се покажало дека само 24 проценти од учесниците, кои масажата ја правеле без инструкции, следече добар ритам.

Песната „Макарена“ овозможува уште една корист – оние кои го следеле нејзиниот ритам брзо почнувале, а оние кои го следеле темпото преку метроном повеќе чекале за првата компресија.

Спонзорирано: