8.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Uncategorized

Никола Груевски се огласи по митингот – тој не беше на протестот, но ја испрати оваа порака

Одличен и моќен народен собир, порача поранешниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски на „Фејсбук“.

Тој вечерва не беше пред Владата каде што неговата партија на чело со новиот лидер, Христијан Мицкоски, одржа протест.

„Пораката е испратена. Пораката на народот на Македонија. Почнува паѓањето на СДСМ. Народот се буди. Не можат вечно да го лажат и плашат народот. Ова е негова земја. Одличен и моќен народен собир. Честитки до сите“, напиша Груевски.