20.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ЗДРАВЈЕ

Уморни сте од кашлање: Направете природен лек и спасете се

Проблемите со белите дробови можат да бидат предизвикани како од инфекции, така и од разни други состојби, алергии и, секако, пушење.

Кашлицата како резултат на тие проблеми знае да биде напорна, досадна и исцрпувачка. Затоа подгответе природен лек би можел да ви помогне.

Состојки: 1/2 кг црвен кромид, 1/2 кг шеќер, 2 лимони, 1,5 л вода, 7 големи лажици домашен мед

Начин на подготовка: Загревајте го шеќерот во метален сад умерено и мешајте додека не порумени, додајте ситно сечкан кромид, кратко пропржете и додајте вода. Гответе водата да врие на умерена температура додека не испари 1/3 вода.

Оставете да се излади, додајте сок од 2 исцедени лимони и мед, добро измешајте да се изедначи. Оставете да отстои, а потоа процедете (од парчињата кромид) и ставете ја смесата во стаклено шише.

Користете 1 супена лажица од оваа напивка пред секој оброк додека не ја потрошите целата количина.