14.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕХНОЛОГИЈА

Внатре има сè: Комплетен дом кој се поставува за 5 минути (Видео)

Овие наменски засолништа за бегалци се дизајнирани во Австралија за потребите на жртви од катастрофи и можат да се постават за само 5 минути.

За разлика од некои привремени засолништа, Humanihut пружа повеќе од ѕидови и кров над глава. Во нив има тушеви, санитарија, струја… Стандардниот контејнер може да содржи 16 засолништа, овозможувајќи едноставен транспорт и разместување.

Цела населба од овие куќички може да се изгради за само неколку часа.

Колибите се долги околу 7 метри и високи 2,4, а на нивните кровови се наоѓаат соларни плочи. Опремата за греење и прочистување на вода, исто така, е вградена во колибата.

Челилните ѕидови и кровови содржат изолирани плочи кои помагаат во одржување на пријатни температури на жешко или студено време.

Засолништата не се само преносни и брзи за поставување, тие се и неверојатно издржливи. Се очекува секоја единица да трае и до 20 години.