17.8 C
Скопје
4. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАСВЕТ

Турција ќе бара други продавачи на воени ловци доколку САД не се заинтересирани

Турција ќе бара други продавачи на воени ловци, доколку САД не и дозволат да купи борбени авиони Ф-35, изјавил турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу, пренесува “Ројтерс“.

Комитетот на американскиот Сенат минатата недела го потврди законот за одбрана, вреден 716 милијарди долари, кој вклучува и мерка со која на Турција и се забранува да ги купи борбените авиони, со што повторно ги влоши и онака тензичните односи помеѓу двата НАТО сојузници.

Чавушоглу рекол дека се уште не почувствувал никаков притисок од страна на американскат администрација околу зделката за борбените авиони, додавајќи дека ова не е договор од кој Вашингтон би можел еднострано да се повлече.

Спонзорирано: