18.8 C
Скопје
5. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Метеоролозите најавуваат нестабилно време, еве од кога се очекуваат поинтензивни процеси

Времето утре ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне во западните и јужните делови со краткотраен локален дожд и грмежи. Вредноста на УВ индексот ќе изнесува 7. Дневната температура ќе се движи од 22 до 32 степени Целзиусови.

До петок во попладневните делови од денот и особено во крајните западни и јужни делови ќе има локална појава на краткотраен пороен дожд и ретки грмежи, а во петок ќе има и зголемување на облачноста.

Во деновите од викендот на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, а локално се очекуваат и поинтензивни процеси.

До петок кога ќе биде и најтопло дневните температурите ќе бидат во благ пораст.

 

Спонзорирано: