19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Утрово отстранет импровизиран мигрантски камп во Париз

Француската полиција утрово отстрани импровизиран мигрантски камп на североистокот на Париз, во кој беа сместени 1 500 лица.

Властите во раните утрински часови го отстранија кампот, познат и како „Милениумски шаторски камп“, кој се наоѓаше на периферијата на француската престолнина, на кеј каде граѓаните џогираа и возеа велосипеди, пренесе новинската агенција „АП“. Ова воедно беше и најголемиот камп од оние кои се наоѓаа околу Париз.

Полицијата наведе дека мигрантите, главно од Африка, ќе бидат префрлени во гимназија во регионот на Париз.

Претходните денови камповите со мигранти беа во центарот на политичката дебата помеѓу францускиот министер за внатрешни работил, Жерар Коломба, и градоначалникот на Париз, Ен Хидалго.

Во последните три години француската полиција премести околу 28 000 мигранти од камповите во Париз, меѓутоа тоа не придонесе мигрантите да престанат да доаѓаат во главниот град на Франција.

Спонзорирано: