13.8 C
Скопје
2. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

За една година дизелот поскапе за 40 отсто, обвини ВМРО-ДПМНЕ

Цените на дизелот од јуни минатата година до денес се покачија за над 40 отсто. Од 46 денари за литар дизел во 2017 година, граѓаните сега плаќаат 65 денари, тврди ВМРО-ДПМНЕ. Според партијата, секое домаќинство во просек плаќа 12 000 денари повеќе за дизел од лани.

„СДСМ не работи за граѓаните, затоа и ја покачи акцизата за 3.5 денари. Тоа предизвика директен трошок од над 40 милиони евра за граѓаните и за стопанството, а во исто време ја поттикна спиралата на раст на цените, со што трошокот за граѓаните е неколкукратно поголем. Фрапантни се бројките кои покажуваат дека со една просечна плата во јуни 2017 година се купувале 487 литри дизел, а сега да можат да се купат само 364 литри, односно 123 литри помалку. Тоа е арачот на Заев и криминалниот картел околу него. Затоа Заев и картелот ги одбиваат предлозите да се укинат акцизите и граѓаните да плаќаат поевтино гориво“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Република Македонија, велат од таму, не само што нема мрднато од место на економски план туку и е уназадена.

Спонзорирано: