25.8 C
Скопје
28. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

„Старбакс“ ќе држи обуки со цел борба против расна дискриминација

По скандалот во кој без причина беа уапсени двајца мажи од афро-американско потекло, најпознатиот ланец за кафе „Старбакс“ привремено ќе затвори 8.000 од своите кафулиња поради обука за „несвесна расна поделба“, за која компанијата појасни дека е „не е решение, туку само прв чекор.“
„Со оваа обука сакаме да покажеме дека е важно да се разбере што значи расна дискриминација и како таа влијае врз нас и оние со кои се среќаваме и ги послужуваме. Сакаме да создадеме пријатна и безбедна атмосфера за секого,“ изјави извршниот заменик-директор на „Старбакс“, Розен Вилијамс, во соопштение до вработените.
Продавниците ќе бидат затворени во времетраење од 4 часа додека трае обуката, пренесе Вашингтон Пост.
Според соопштението и видеото кои детално ја опишуваат обуката и нејзините цели, од „Старбакс“ потенцираат дека од 29 мај започнуваат разговорите на теми како: родов идентитет, класна припадност, јазик, државјанство, политички ставови и останати лични гледишта.
Менаџментот на „Старбакс“ исто така ќе стави акцент на тоа вработените да се посветат на политиката на работа на компанијата.
Покрај тоа што вработените ќе добијат бележници и ќе треба меѓусебно да разговараат на темите и да разменуваат ставови, обуката ќе ја водат и видео материјали и филмови, вклучувајќи го и „Нема на што“ (анг. You’re Welcome) од Стенли Вилсон.
Спонзорирано: