20.8 C
Скопје
24. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Нови протести пред албанското МВР

Денеска напладне пред седиштето на албанското МВР во Тирана се одржаа протести на младите на опозициските партии кои побараа оставка од министерот Фатмир Џафај. Младите на Демократската партија и Движењето за Социјалистичка Интеграција фрлаа со јајца и други средства кон објектот на министерството и порачаа дека протестите ќе продолжат секој де , се до поднесување на оставка на министерот Џафај, чиј брат во Италија е осуден на седум години затвор за меѓународен шверц со дрога.

Протестот следи по одлуката на Кординативното тело на опозицијата за организирање антивладини протести. Лидерот на десницата Лулзим Баша изјави дека на средбата е донесена одлука опозицијата да престане со бојкотот на Собранието, но да ги продолжи протестите се до поднесување на оставка на министерот Џафај .

Албанските медиуми истакнуваат дека на средбата на партиите од опозицијата е донесен нов план за организирање на антивладини протести се до соборување на владата на левицата во Албанија предводена од премиерот и лидер на Социјалистите, Еди Рама .

Спонзорирано: