15.8 C
Скопје
27. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото: Pixabay
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Околу 600 ромски деца на возраст од 10 до 18 годишна возраст не се вклучени во образованито

Околу 600 деца на возраст од 10 до 18 годишна возраст не се вклучени во образованието. Причините за ваквата ситуација се од повеќе аспекти: лошата социо-економска ситуација, нискиот квалитет на образование во основните училишта, несоодветен и незаинтересиран кадар, незаинтересирани родители. Дополнително како клучен проблем е несоодветниот систем за следење на редовноста на децата, злоупотреба на детскиот труд, голем број семејства заминати во странство, голем број на деца повратници од странство, недоволното познавање на македонскиот јазик, немаат лични документи, нерегистирани деца, диксриминацијата, како и недостатокот и несоодветни локални политики за образовна инклузија на Ромите…

Со цел поголемо охрабрување на засегнатите страни во поголема инклузивност на ромските деца, во тек се три дебати во организација на Здружението за едукација и медиумски развоен центар на млади Роми „Асоцијација 24 вакти“ во рамките на проектотот „ Инклузија преку мобилизација“, на кои се дискутира и ќе се добијат препораки и заклучоци кои ке бидат предадени до сите релевантни страни во општеството за мобилизација на сите чинители со акцент на самата заедница за поголема инклузија на ромските деца во образованието во Шуто Оризари. На дебатите учествуваат експерти, претставници на локалните и националните институции, граѓански организации и граѓани. На дебатите ќе се разменат ставови и мислења како да се решат повеќето проблеми на Ромите. Дебатите се одржуваат во О.У Браќа Рамиз и Хамид во Општина Шуто Оризари, денеска и утре со почеток во 12 часот.

„Стремејќи се кон процесот на градење на инклузивно образование и инклузивен пристап во образованието во Република Македонија главните одлучувачи на политики се соочуваат со многубројни бариери од етнички карактер. Една од нив е образованието на ромската популација чие прашање и години наназад останува без соодветен одговор и конкретно решение. Општина Шуто Оризари е општина каде што е концентрирано повеќе од 40 % од ромското наделение во Македонија. Стапката на вклученост на децата Роми во образование е релативно ниска, што понатаму резултира секако со негативни исходи пред се во градењето на личноста на детето, негова афирмација во општеството“, велат организаторите.

Спонзорирано: