11.8 C
Скопје
3. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Катимерини: „Илинденска Maкедонија“ ќе ја замени име поврзано со Крушево

Постои нов предлог на преговарачката маса помеѓу Скопје и Атина, пишува грчкиот весник „Катимерини“, навестувајќи дека новото име ќе биде поврзано со Крушево.
Според „Катимерини“, македонската Влада ги одбила предлозите „Горна Македонија“ и „Нова Македонија“ како ерга омнес, кои беа предложени од медијаторот Метју Нимиц.
Весникот пишува дека двете страни треба да направат дипломатски спринт до самитот на Европскиот совет на 28 јуни, а дотогаш меѓународната заедница ќе врши притисок за решавање на спорот за името во разумен временски рок.
Двајцата министри за надворешни работи на Македонија и Грција утре ќе присуствуваат во Брисел, од каде Коѕијас ќе отпатува за Берлин.
Спонзорирано: