17.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Чавушоглу: Очекуваме 50 милијарди долари прилив од туризам до 2023

Министерот за надворешни работи на Турција Мевлут Чавушоглу очекува Турција да привлече околу 50 милиони туристи до 2023 и со тоа да донесе прилив во буџетот од околу 50 милијарди долари.

Чавушоглу говореше на настан во Анталија, организиран од Асоцијацијата за инвестиции во туризмот во Турција, каде изјави дека бројот на туристи во 2018 значително е пораснат.

„Забележуваме значителен пораст во бројот на туристи годинава. Затоа, чекор по чекор сакаме да се доближиме до 50 милиони. Се надеваме дека ќе достигнеме до 50 милиони туристи и 50 милијарди долари прилив до 2023,“ изјави Чавушоглу.

Чавушоглу додаде дека на социјалните мрежи кружат дезинформации дека Турција сака да ги затвори министерствата за култура и за туризам. Тој појасни дека овие гласини се неточни, но дека владата размислува дали истите да ги спои во една институција.

„Мислењата на оваа тема се поделени,“ рече Чавушоглу.